Линкови за пристапност

Може ли Македонија да ги замрзне преговорите со Грција?

  • Борјан Јовановски

На јавна дебата се расправаше за добрите и контрапродуктивните страни на прашањето во контекст на надворешната политика

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски смета дека преговорите со Грција треба да се замрзнат. „Ние треба да излеземе од ова статус кво и да ги замрзнеме преговорите со соседна Грција до моментот кога тие официјално ќе се произнесат за прифаќањето или одбивањето на пресудатата на Меѓународниот суд во Хаг и нејзината примена“, рече Милошоски на почетокот на јавната дебата.

Но, тој ги отвори и дилемите што произлегуваат во однос на евентуалната одлука за замрзнување на преговорите.

„Тоа може да биде злоупотребено од другата страна и да се каже дека Македонија е неконструктивна држава и не сака да разговара за името. Другата дилема е дека ако ги замрзнеме преговорите за името до примената на пресудата од Хаг, тогаш тоа значи дека ние може да ги замрзнеме и нашите перспкетиви за ЕУ и НАТО. Но, контрапрашањето е нели се тие перспективи и во моментов замрзнати“, кажа Милошоски.

Првиот шеф на диполматијата на независна Македонија Денко Малески упати апел до власта да ја напуштат партиската полтика и да обезбедат државен консензус за ова прашање.

„Откажувајќи се од правото сама да го формулира државниот и националниот интерес, владеачката партија ќе ја направи таа нужна дистанца меѓу сопствените погледи и ставот на државата. Ваквата стратегија може да ја извлече Македонија од ќорсокак, но едновремено и партијата на власт.

Проблемот е што надворешните проблеми сега жестоко ќе фатат да се прекршуваат врз домашни теми и ќе почнеме да се делиме. Албанците веќе летаат по светот, се обидуваат една работа да кажат, опозицијата зборува друга работа, најлошо нешто за една држава“, вели Денко Малески.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната јавна дебата оцени оти Атина е неконструктивната страна во разговорите, но се обидува пред меѓународната заедница да го докаже спротивното.
XS
SM
MD
LG