Линкови за пристапност

Нема решение за спорот со името; Нова рунда разговори подоцна месецов


Медијаторот Нимиц не успеа да ги доближи Атина и Скопје околу компромисно решение за името

Разликите, како што рече тој, остануваат. По вчерашните разговори во Скопје со премиерот Груевски, Нимиц денска повторно се сретна шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.

Следниот состанок во врска со прашањето за името најверојатно ќе се одржи последната седмица од септември во Њујорк, изјaви грчкиот министер за надворешни работи, Венизелос.

Тој изрази уверување дека „грчката позиција, како што е формулирана, ужива широк национален консензус, и повтори дека Атина е за сложено име со географска одредница што се однесува на географскиот поим на името, а не на политичкиот термин. Венизелос уште еднаш кажа дека Грција е само за ерга омнес решение.

Од своја страна шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов ја повика Грција да покаже фкексибилност. Тој смета дека Грција секогаш настапува ултимативно и настојува само нејзините барања да бидат задоволени.

„Има согласност за името Македонија да биде содржано во решението, но приближување на ставите се` уште нема. Тоа што го кажа Нимиц тоа е реалноста и ние очекуваме грчката страна да се држи до рамката во која се водат преговорите бидејќи постои дефинирана рамка од Обединетите нации“, изјави денеска Иванов,

Вчера во Скопје, по средбата со премиерот Груевски, Нимиц неочекувано беше детален во неговата изјава пред медиумите.

„Мислам дека името мора да го содржи зборот Македонија затоа што оваа земја е во регионот Македонија. Но, таа не е целиот регион, Македонија е голема област и беше поделена пред 100 години. Најголемиот дел од Македонија е во Грција, па затоа мора да има одредница за да се појасни дека има разлика. Јас предложив таква одредница, а грчката страна има став околу тоа каде се наоѓа одредницата. Владата тука има различен став за тоа и ова е значителна разликa“, изјави Нимиц.
XS
SM
MD
LG