Линкови за пристапност

Хрватска сака со Македонија да гради големи инфраструктурни проекти

  • Борјан Јовановски

Tрговската размена меѓу двете земји не е онаква каква што би требало да биде, кажа претседателот Иво Јосиповиќ, по средбата со премиерот Груевски.

Хрватска и Македонија треба да соработуваат на големи инфраструктурни проекти, како што е јадранско-јонскиот автопат, кој ќе ги подобри економските односи и придонесе за надминување на економската криза, изјави во Скопје хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ на крајот од дводневната работна посета на Македонија. Според него трговската размена меѓу двете земји не е онаква каква што би требало да биде.

„Би било добро ако постои голем инфраструктурен проект од регионално и европско значење што ќе има има корисен ефект не само на нашата земја и регионот, туку и за цела Европа“, рече Јосиповиќ.

По денешната средба на премиерот Никола Груевски и хрватскиот претседател двеајцата се согласиле дека постои добра основа за продлабочување на економската соработка меѓу двете држави особено на полето на земјоделието, преработувачката индустрија и туризмот.

Премиерот Груевски, според соопштение од неговиот кабинет, имал работен ручек со претседателот на Хрватска, при што биле констатирани одличните пријателски односи што постојат помеѓу двете земји, кои н натаму се развиваат.

На средбата се разговарало и за значајноста за поддршката на реализацијата на стратешките определби на Република Македонија за полноправно членство во Европската унија и во НАТО.

Јосиповиќ од Скопје замина за Приштина.
XS
SM
MD
LG