Линкови за пристапност

Охрид се заблагодари на лекарките од бродската несреќа

  • Сашо Митан

За тригодишнината од најголемата бродска несреќа во Македонија, Гордана Димитриќ и Жаклина Спасиќ, двете лекарки од Србија кои учествуваа во спасување и жртвите од бродот „Илинден“, добија благодарници од градот Охрид.

„Немаше време за размислување. Имаше само миг во кој мора да тргнете и да помогнете. Не знаете дури и што да очекувате. Тое е можеби некоја хуманост што ја наследувате од просторите од кои доаѓате, зашто целиот Балкан е таков, да му излегувате некому во пресрет кога му е потребно“, раскажа Гордана Димитриќ од Нови Пазар, која заедно со нејзината колешка од Параќин, биле на одмор во Охрид и се наоѓале на бродот кој пловел зад „Илинден“.

Димитриќ кажа дека покрај помошта за жртвите на бродот со кој пловеле тие, се обидувале и да ја намалат паниката што се созадала кај луѓето.

„Доволно е некому да пружите рака во несреќа и неволја и сте направиле голема работа. Влијаевме да нема паника, што придонесе да не се случи поголема трагедија. Паниката на нашиот брод беше сведена на минимум“, рече Спасиќ, по примањето на благодарницата.

Во бродската трагедија ги загубија животите 15 туристи од Република Бугарија, кога бродот „Илинден“ се преврте кај автокампот Елешец. Одбележувањето на тригодишнината го организираа Општина Охрид и Здружението на граѓани „5 септевмри“, а се очекува и присуство на претставници од Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија.

Несреќата се случи утрото на 5 септември 2009 година.
XS
SM
MD
LG