Линкови за пристапност

Вершбоу: Македонија е важна за НАТО

  • Борјан Јовановски

Одлуката за прием мора да се донесе со консензус, порача заменикот генерален секретар на НАТО, Александар Вершбоу

Македонија е важна за НАТО. Ваква порака денеска во Скопје пренесе заменикот генерален секретар на Северно атлантската воена алијанса, Александар Вершбоу.

„Тука сум за да покажам дека вашата земја ни е важна во НАТО и ние сме посветени на тоа да го забрзаме вашиот пат кон зачленувањето“, изјави заменик генералниот секретар на алијансата, Алаксандар Вершбоу.
Тој во оваа прилика нагласи дека одлуката за прием на Македонија во НАТО е потребно да се донесе со консензус:

„Ние немаме план Б доколку не биде решен спорот со името“, нагласи Вершбоу.
Неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Поповски, рече дека Македонија покажала и продолжува да покажува дека го заслужила местото во НАТО. Тој потецираше дека од алијансата очекува валоризирање на напорите што Македонија ги прави, учествувајќи во мисиите на НАТО и придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност.

„Очекуваме и онаа земја членка која до сега го опструираше патот за зачленување на Македонија да покаже зрелост и концепт и конкретна
контрибуција за да го заокружиме тој процес на Балканот, рече Попоски.
Шефот на македонската дипломатија во оваа прилика ја коментираше и највената посета на генералниот скеретар на ООН како и медијаторот Нимиц, кој ке ги посети Скопје и Солун. Според него ова е можност за придвижување на процесот за изнаоѓање на решение за името.

„Тоа што го очекуваме и при оваа посета, е да можеме да видиме повратни информации од страна на Атина кои ќе покажат и дефакто посветеност и дефакто конструктивност“, изјави Попоски.

Вершбоу имаше средба и со минстерот за одбрана Фатмир Бесими. На разговорот, како што извести Минстерството за одбрана, Вершбоу бил запознат со идните планови на минстерството и на армијата.

Ние го цениме регионалнит пристап особено во контекст на иноцијативата БРААД за балкански регионален пристап на планот на воздушната одбрана, изјави Вершбоу, потецирајќи дека очекува буџетските средства наменети за одбраната во Македонија во иднина да бидат зголемени.

Во рамките на својата балканска турнеја Вершбоу во Скопје се сретна и со премиерот Груевски како и со лидеорт на ДУИ, Али Ахмети.
XS
SM
MD
LG