Линкови за пристапност

Македонскиот јазик и соседите

  • Сашо Митан

Дводневна меѓународна научна конференција во Охрид се фокусира на состојбата на македонскиот јазик

Научни конференции се вистинскиот одговор на нападите кон македонскиот јазик од страна на соседите, истакна на отворањето на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура професор доктор Максим Каранфиловски.

„Тие што го негираат, го негираат со свои аргументи, но на овој начин најубаво се демнатираат. Со самото тоа што научни работници од целиот свет се занимаваат со македонскиот јазик и го споредуваат со другите јазици, тоа е доволен доказ дека тој постои и дека никој не може да го раздрма“, изјави Каранфиловски.

Со самото тоа што научни работници од целиот свет се занимаваат со македонскиот јазик и го споредуваат со другите јазици, тоа е доволен доказ дека тој постои

И за академик Ала Шишкен, професор по македонска литература на московскиот универзитет „Ломоносов“, ваквите конференции , и поддршката на самата држава покажуваат дека македонскиот јазик нема да исчезне:

„Јазикот издржа. Зборуваме дека го напаѓаат веќе 60 години, но тој се развива и натаму. Јазикот постигна голем успех. Ако тие напаѓаат, можеби тие се загрозени. Македонија и натаму би требало да го поддржува јазикот“, порача Шишкен.

Посебно внимание според Стефан Влахов - Мицов, треба да се обрне кон бугарскиот сосед.

„Мора да се изработи таква стратегија која ќе ги има во вид и односите сио Бугарија, и бугарските пасоши што ги земаат Македонците не е мала работа“.
Влахов кажа дека „со Грците Македонија има црвена линија, но со Бугарите нема. Во Македонија секој знае како ќе реагира Грција, но Бугарите немаат јасен став“.

Околу 80 научни работници на дводневната nаучна конференција ќе разменуваат мислења околу состојбите во македонскиот јазик, за споредбата со другите јазици, а меѓу другото и за творештвото на Гане Тодоровски.
XS
SM
MD
LG