Линкови за пристапност

Светот длабоко загрижен за состојбата во Македонија


Стејт департментот во моментов ниту ја негира, ниту ја потврдува претходно најавената посета на заменик-помошникот државен секретар Хојт Ји на Македонија

Европската Унија го осуди насилството во македонскиот парламент, повикувајќи на почитување на темелите на демократијата. Шефицата за надворешни прашања, Федерица Могерини, денеска изјави дека „насилството е неприфатливи, уште повеќе кога се случува во домот на демократијата“. Могерини, која се наоѓа на средба на министрите за надворешни работи на Унијата, во Малта, инцидентот го нарече „сериозна криза што може да биде опасна“.

Турција изрази „длабока загриженост“ околу насилството во Собранието на Македонија и политичката криза во земјата, повикувајќи на формирање на нова влада во рамки на демократските принципи. Во денеска објавено соопштение, турската влада кажа дека се надева дека „разликите во мислења“ во Македонија наскоро ќе се речи преку дијалог и толеранција.

Руското Министерство за надворешни работи, за немирите во Македонија ги обвинува ЕУ и САД. Во соопштението објавено денеска, Министерството вели дека „крупното мешање“ на Западот во внатрешните работи на Македонија, е главната причина за политичката криза во земјата.

Канада остро ги осуди нападите врз парламентарците во Македонија. Во порака преку Твитер, канадското Министерство за надворешни работи мора да бидат почитувани, а насилството нема место во Парламент.

Според унгарското Министерство за надворешни работи, странското мешање е виновно за политичката криза во Македонија.

Со соопштение се огласи и кабинетот на Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Длабоко сме загрижени за актуелните случувања во Македонија и повикуваме на воздржаност и смиреност. Насилството кон демократските институции и избраните парламентарци е неприфатливо. Ги повикуваме сите политички страни да ги решат своите разлики со демократски средства, строго придржувајќи се на Уставот, со цел, без натамошно одлагање, да се надмине политичкиот ќорсокак“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG