Линкови за пристапност

Македонија 80-та од 144 земји по конкурентноста


Извештајот на Светскиот економски форум се смета за водечка споредбена анализа за развојот на земјите.

Во денес издадениот годишен извештај на Светскиот економски форум за конкурентноста на економиите, Македонија е на 80-то место од вкупно 144 земји според индексот на глобална конкурентност.

Анкетираните претставници од бизнис-заедницата како најпроблематични фактори за водењето бизнис во државата ги наведуваат пристапот до финансирање, кфалификуваноста на работната сила, корупцијата и неефикасната владина бирократија.

Од земјите во регионот најконурентна е економијата на Турција 43-тото место. Пред Македонија се Словенија на 56-тото, Бугарија на 62-рото, Црна Гора на 72-рото, и Романија на 78-мото, а зад неа Хрватска на 81-вото, Босна на 88-мото, Албанија на 89-тото, Србија на 95-тото и Грција на 96-тото место.

Четири години по ред, најконкурента светска економија е швајцарската, а потоа следат економиите на Сингапур, Финска и Шведска.

Економијата на САД е рангирана на седмото место и е во опаѓање четврта година по ред. Покрај слабостите во макроекономската стабилност, бизнис-заедницата во анкетата на Светскиот економски форум ги критикува и јавните и приватни институции во САД и ниското ниво на доверба во политичарите. Слаба страна е и видливата владина неефикасност. Како силни стрaни на најголемата светска економија, пак, се наведуваат иновативноста поддржана од одличниот образовен систем и флексибилноста на пазарот на труд.

Извештајот на Светскиот економски форум се смета за водечка глобална споредбена анализа за конкурентноста и развојот на економиите.
XS
SM
MD
LG