Линкови за пристапност

Претставничкиот дом го условува даночното олеснување за платите со нафтовод


Претставничкиот дом го условува даночното олеснување за платите со нафтовод
Претставничкиот дом го условува даночното олеснување за платите со нафтовод

Сенатот допрва треба да се изјасни за мерката; Обама се закани дека ќе стави вето

Претставничкиот дом на САД синоќа усвои мерка да продолжи даночното олеснување за платите што истекуваше на 31-ви декември, но таа зависи од одредба во истата мерка за изградба на оспоруван нафтовод меѓу Канада и САД.

И покрај заканите на претседателот Барак Обама дека ќе стави вето доколку во мерката биде вклучена одредбата за нафтоводот, законодавците во Претставничкиот дом под контрола на републиканците ја одобрија истата со 234 гласови за и 193 против. Мерката сега оди на гласање во Сенатот под контрола на демократите, каде се очекува да биде отфрлена.

Обама го повика Конгресот да не замине на одмор за претстојните празници се` додека не ја усвои мерката за натамошни даночни олеснувања за платите, со што просечно семејство од средната класа заштедуваше по 1.000 долари годишно. Тој предупреди дека во спротивно, економијата ќе претрпи тежок удар. Претседателот кажа дека најбогатите Американци треба да го платат, како што го нарече „нивниот праведен дел“ од данокот, додека средната класа не треба да издвојува повеќе за зголемени даноци во тешки економски времиња. Републиканците се против нови даноци за најбогатите, тврдејќи дека тоа ќе наштети на економскиот растеж.

Мерката што ја усвои Претставничкиот дом налага владата на Обама да стави потпис на контроверзниот нафтовод Кистоун Икс-Л од Канада до Тексас најдоцна до почетокот на новата година. Обама, пак, бара одлуката за тоа да биде донесена по претседателските избори 2012-та. Одобрувањето на нафтоводот доцни и поради дополнителни анализи за неговото влијание врзо животната средина.

XS
SM
MD
LG