Линкови за пристапност

Поранешни функционери во УБК и МВР осомничени за криминал тежок над 850.000 евра

Истрагата во “Трезор“ се однесува на нелегална набавка на опрема за која осомничените ја ангажирале оф шор фирмата “Финзи“ како посредник за да и овозможат профит со кој потоа се инвестира во отварање на друга фирма блиска до осомничените. “Финзи“ стана позната во јавноста откако нејзиниот управител Коста Крпач, сведок во СЈО, се самоуби. Оваа фирма е сопственик на неколку медиуми во Македонија. СЈО најави дека ќе побара притвор, одземање пасоши и замрзнување имот на осомничените поранешни високи функционери од УБК и МВР

Четворица високи винкционери од МВР и УБК испумпале од буџетот на министерството над 850 илјади евра за нелегални набавки на опрема преку фирмата “Финзи“ чија управител беше Коста Крпач а парите потоа ги искористиле за лично богатење.

Според информациите на Гласот на Америка станува збор за поранешните началници на УБК С.М. и на Петата управа Г.Г., поранешниот шеф на кабинет на диоректорот на УБК Т.Ј. и помошник министер за информатички технологии во МВР Н.С..

Специјалното Јавно обвинителство (СЈО) денеска на прес конференција ги соопшти деталите за новата истрага “Трезор“ во која се осомничени четири лица. Во истрагата е утврдено дека криминалот со нелегалните набавки траел пет години, во периодот од 2010 до 2015 година. Парите, 862 илјади евра, се испумпани преку набавката за опремата и анекси на договорот кои дополнително биле внесувани.

„Паричните средства за кои ќе стане збор се ваши и на сите граѓани на Република Македонија. Тоа се средства кои вие секојдневно ги одделувате од вашите примања и им ги доделувате на владејачките елити за да креираат посигурно и просперитетно општество за вас и вашите поколенија. Наместо тоа, овие средства, преку злоупотреба на службената положба на носители на функции и преку оштетување на Буџетот, биле искористени за други цели“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи, додавајќи дека средствата биле искористени за лично богатење, што е казниво според Кривичниот законик.

Во 2010 година МВР, преку осомничени функционери во УБК, стапува во контакт со британска фирма за набавка на опрема за потребите на министерството. Меѓутоа наместо набавката да се изврши директно, МВР ја ангажира оф шор фирмата “ Финзи“ каде управители се Владислав Стајковиќ, брат на третоосомничениот и потоа сега починатиот Коста Крпач.

Цената за набавка на опремата се зголемува за над 360 илјади евра, профит кој легнува на сметката на “Финзи“ и кој е одобрен од осомничените.

„Финзи“ ДООЕЛ Скопје го случил договорот со правното лице од Велика Британија во вредност од 1,4 милиони евра и потоа истата опрема била префактурирана на МВР во износ од 2 милиони евра. Разликата помеѓу вредноста на опремата изнесува 362 илјади евра кои биле присвоени како противправна имотна корист, објасни Фетаи.

Вториот дел од истрагата во случајот “Трезор“ се однесува на анкес договорите за одржување на опремата преку кои се испумпани остатокот од парите. Тројцата повроосомничени побарале од четвртоодомничениот да измисли договори за одрѓување на набавената опрема. Преку тие договори во текот на 2012, 2014 и 2015 година се слевале парите на сметката на “Финзи“.

Интересно е што во книговодтсвената евиденција на МВР набавената опрема е проценета на еден денар а месечно за одржување се плаќале над 30 илјади евра.

„Вториот дел од истрагата што ја поведе СЈО, се однесува на изрежирано одржување на таа опрема, која во МВР веќе била нефункционална, поради софтверска и хардверска застареност, и проценета на 1 денар. За опрема вредна еден денар, месечно од МВР се одлевале по 30.000 евра на сметката на фиормата “Финзи“, се до смртта на управителот Коста Крпач, кога МВР еднострано го поништило договорот за одржување, рече Фетаи.

Според СЈО, парите од сметката на “ФИнзи“ биле префрлени на сметката на фирмата “СиФИКар“, односно “Систина - Финзи - Кардиологија“.

Тимот на Јанева најави дека денеска од Кривичниот суд ќе побара на осомничените да им биде одреден притвор, земени патните исправи и заплена на имот во зависност од делата за кои се товарат.

XS
SM
MD
LG