Линкови за пристапност

Заврши проектот на УСАИД за судски реформи во Македонија

  • Соња Трајковска
  • известува Скопје

Заврши проектот на УСАИД за судски реформи во Македонија

Заврши проектот на УСАИД за судски реформи во Македонија

За четири години, инвестирани 6,2 милиони долари

По четири години и инвестирани 6,2 милиони долари, УСАИД успешно го заврши проектот за спроведување судски реформи во Македонија, што беше насочен на подобрување на ефикасноста, отвореноста и работењето на македонското судство.

„Во изминативе години Македонија презеде значајни чекори за донесување на законската рамка потребна за ефикасно и независно судство. Целосното спроведување на судските реформи е се` уште во тек и ние ве поттикнуваме да продолжите се до нивното завршување“, се наведува во соопштението од УСАИД.

Првиот човек на мисијата на УСАИД Роберт Вуртц се надева дека Агенцијата со овој проект и` помогнала на земјата во многу сегменти бидејќи, како што вели, “судските реформи се од клучна важност за економскиот и демократскиот развој на Македонија, но исто така и за обезбедување на пристап кон навремена и непристрасна правда за сите граѓани на оваа држава“.

Како најважни, УСАИД ги издвојува резултатите од Проектот за спроведување на судски реформи што вклучува воведување на систем за автоматско управување со судските предмети во сите 33 судови во Македонија, обуката на 2.300 корисници на системот и донација на 560 компјутери и други технолошки подобрувања на инфраструктурата на судовите, опремувањето на 80 судници со системи за тонско снимање на судските расправи, намалувањето на заостатокот од нерешени предмети постари од три години во судовите од Битолското апелационо подрачје за 64%, воспоставувањето на ефикасен систем за извршување на судски одлуки од областа на граѓанското право, кој го намали просечното време на извршување од 340 на 60 денови, како и донесувањето на првиот Етички кодекс и Програма за обука на вработените во судската служба.

XS
SM
MD
LG