Линкови за пристапност

Мизо: Ниту една компанија не го откажа планот за инвестирање во Македонија


Мизо: Ниту една компанија не го откажа планот за инвестирање во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00

Мизо: Ниту една компанија не го откажа планот за инвестирање во Македонија

Туку само ги пролонгираа одлуките, вели Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони

Приватниот сектор клуч за градење на просперитетот, една од темите на годинешниов економски форум во Центарот за трансатлантски односи при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон

Бизнис и политички лидери од 13 земји дискутираа за зајакнување на економската соработка граѓанското општество и поттикнување на политичкиот и академскиот дијалог.

На форумот беше речено дека искуствава од Југоисточна Европа последниве две децении покажуваат дека транзициите во регионот се оддолжуваат, но дека економските и институционалните врски го одржуваат фокусот на развојот.

Осврнувајќи се на важноста од странските инвестиции во Македонија, Виктор Мизо Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони кажа дека за Македонија најпожелни се вложувањата во индустриското производство, пред се` поради близината со европскиот пазар. Но според него, кризата во евро зоната негативно се одразила на севкупната економија:

„Пред 2009-та економскиот раст во земјата беше помеѓу 5 и 6 проценти. Но рецесијата во Европа се одрази и врз Македонија.“

Во исто време се продлабочила и политичката криза во Македонија чие влијание Мизо вака го толкува:

„Ниту една компанија директно не го откажа својот план за директно инвестирање во Македонија, туку пролонгирање на одлуките за инвестирање.“

Според Јенсен Џонс, потпретседател на компанијата за стрелечка муниција, HMT, приватниот сектор и меѓународната трговијата се клучен елемент за развојот, а аамериканските компании се заинтересирани за регионот:

„Гледаме како расте нашата продажбата на спортската муниција на американскиот пазар. За да го одржиме растот и да останеме конкурентни мораме да истражуваме други можности за инвестирање во Источна Европа и Балканот.“

Компанијата HMT со седиште во сојузната држава Ајдахо досега има инвестирано во Србија, Босна и Херцеговина и Турција.

XS
SM
MD
LG