Линкови за пристапност

Специјалното јавно обвинителство отвори истрага за изборна измама


Специјалната обвинителка Катица Јанева го обелодени првиот предмет: Криминализација на изборниот процес за опстојување на власт

„Правдата ќе победи и покрај тешкотиите и заканите кои доаѓаат од одредни политички партии и конструираните кривични пријави против мене и моите соработници. Се чувствувам слободна и цврста бидејки на моја страна се Уставот и законите“, изјави специјалниот јавен обвинител Катица Јанева на прес-конференција во Обвинителството, ја обзнани првата акција на СЈО – предметот "Титаник", за изборна измама. Јанева го имаше воведниот збор на прес-конференцијата, а потоа зборуваа членките на нејзиниот тим, обвинителките Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска, која е и портпаролка на СЈО.

Според Фетаи, предметот „Титаник“ се однесува на криминализација на изборниот процес за опстојување на власт, а истрагата е отворена за злосторничко здружување, повреда на избирачко право и на слобода на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на избирачки материјали и злоупотреба на средства од изборна кампања. Делата биле извршени преку незаконско издавање лични карти и вметнување во Избирачкиот список на лица кои за тоа немаат основа.
Според Фетаи, осомничените во 2012 година, во својство на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски, секретар на Влада, и со помош на засега непознати лица „за натамошно останување на власт на партијата на локално и државно ниво, направиле кривични дела за кои казните се три години затвор и повеќе“.

Според обвинителката Фетаи, МВР направило упад во Избирачкиот список,а неговите струкурите работеле на негово составување за интереси на владејачката структура. Кривичните дела против изборите и гласањето и легитимитетот добиен со таквите избори, според СЈО, претставува почеток на криминализација на целокупниот институционален систем.

Покренати се обвиненија и против пет судии од Управиот суд, како и против 4 членови на ДИК од 2013 година за изборна измама, а со истата постпка се опфатени се членови на изборната комисија во скопската општина Чаир.

СЈО предвидува и мерка притвор за некои од осомничените лица поради опасност да влијаат врз сведоците, а едно лице е веќе лишено од слобода бидејќи поседува двојно државјанство и постои опасноста да ја напушти Македонија.

XS
SM
MD
LG