Линкови за пристапност

Хојт Брајан Ји доаѓа во Македонија


Hoyt Yee
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:01:46 0:00

Заменикот-помошник државен секретар во Стејт департментот утре ќе пристигне во Скопје каде е предвидено да остане два дена

Информацијата дека дипломатот e директно задолжен за односите на Вашингтон со земјите од Централна и Југоисточна Европа ќе ја посети Македонија, за Гласот на Америка ја потврдија и од амбасадата на САД. Детали за тоа каква ќе биде неговата агенда, со кој се ќе се сретне, какви ќе бидат неговите пораки засега не се откриваат. Проценките се дека не случајно Хојт Ји доаѓа во Скопје токму во овој период – односите меѓу власта и опозицијата се заострени, нема најави за брзо решавање на политичката криза, коалицијата предводена од владејачката партија засега опстојува на позицијата да оди на избори на 5-ти јуни, во тек се секојдневни протести на граѓански здруженија во повеќе градови, прашањето со повлекувањето на аболицијата е статус-кво.

Се претпоставува дека Ји ќе се обиде да ги поттурне разговорите меѓу власта и опозицијата – процес што во изминатиот период го менаџираат американскиот и европскиот амбасадор Џес Бејли и Аиво Орав. Хојт Ји во март беше во Скопје кога порача дека треба да се спроведе договореното во Пржино за да се создадат услови за фер и кредибилни избори. Прашањето е што тој, имајќи ја во предвид актуелната состојба во Македонија, ќе порача. Тој е вториот висок дипломат што доаѓа во земјава во само една седмица. Минатата недела на серија разговори во Скопје беше и специјалниот германски пратеник за Македонија Јоханес Хајндл кој посетата ја нарече запознавачка и објасни дека неговата улога ќе биде да даде поддршка на процесот на разговори што го водат САД и ЕУ. Се очекува во наредните денови, најверојатно на почетокот на идната недела, Хајндл пак да дојде во Скопје.

XS
SM
MD
LG