Линкови за пристапност

Утре на прес конференција, Специјалното јавно обвинителство ќе ги открие деталите за предметот

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за утре најави нова истрага, со наслов „Трезор“. Сите детали околу оваа истрага ќе бидат презентирани на прес конференција, која ќе се одржи во новите простории на Обвинителството.

Ова ќе биде шеста истрага која ја води СЈО, а која произлегува од незаконски прислушуваните разговори.

Досега на јавноста и се познати истрагите „Титаник“, „Транспортер“, „Тврдина“, „ТНТ“ и „Тортура“, во кои осомничени се високи партиски фунционери на ВМРО-ДПМНЕ, на Министерството за внатрешни работи, меѓу кои и поранешниот министер Гордана Јанкулоска и шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, како и градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Пред десетина дена СЈО поднесе два обвинителни предлога до Кривичниот суд, за предмети работени по скратена постапка, бидејќи СЈО смета дека има доволно докази за да се изготви обвинение.

Во првиот предмет обвинети се седум лица за уништување документи во МВР, со цел да се прикрие незаконското прислушување, а во вториот предмет обвинети се 14 лица за протестите пред Општина Центар од 2013-та година.

Кривичниот суд треба да закаже расправа за оцена на обвинителните акти, и доколку ги прифати да закаже почеток на судскиот процес.

XS
SM
MD
LG