Линкови за пристапност

Канческа-Милевска и Камчев на распит во СЈО


Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и бизнисменот Орце Камчев на распит во СJO
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

СЈО официјално не соопштува за кои предмети биле повикани двајцата

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ја динамизира работата. Денеска на распит во просториите во центарот на Скопје дојдоа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и Орце Камчев, еден од најбогатите Македонци, бизнисмен кој важи за близок до власта.

СЈО официјално не соопштува за кои предмети биле повикани двајцата. Ниту специјалната обвинителка Катица Јанева не прецизираше зошто Канческа-Милевска и Камчев се во СЈО.

„Сега доаѓам на работа“, рече Јанева.

Прашана дали лицата кои изминатите денови беа повикани, а не дојдоа во СЈО, оваа недела ќе се појават на распит, Јанева одговори дека очекува оваа недела тие конечно да дадат исказ.

Не прецизираше за кого се станува збор. Министерката за култура Канческа-Милевска остана неколку часа во СЈО.

Пред неа се појави Камчев. Не беше расположен да зборува пред медиумите.

Брзо излезе пред воопшто и да го фатат камерите. Канческа-Милевска веќе 8 години, од 2008-та е на чело на министерството за култура, ресор што има голем удел во стотици милиони евра „тешкиот“ проект „Скопје 2014“.

Таа важи и за човек од т.н. прв министерски круг на екс-премиерот Никола Груевски.

Камчев пак се споменува во „бомбите“ на опозицијата.

Од неодамна неговата компанија „Орка Холдинг“ стана сопственик на „спорните парцели“ на Водно купувајќи ја фирмата „Сирах Инженеринг“, која ги поседуваше 11-те илјади квадратни метри атрактивно земјиште, за кое опозицијата тврдеше дека всушност е на Никола Груевски.

XS
SM
MD
LG