Линкови за пристапност

Промоцијата на овие 250 метри асфалт симболично се случи на Денот на независноста на САД.

Светските метрополи можат да се пофалат со кинески и италијански квартови, а Скопје - со американски, иако неофицијално. Двајца американски претседатели, Џон Кенеди и Роналд Реган добија свои улици во една од најголемите општини во Скопје, Чаир. Нема кој не ја знае улицата „Џон Кенеди“ изградена уште во 80-тите години на минатиот век, а денеска, локалните власти ја промовираа и улицата која го носи името на Роналд Реган, 40-тиот американски претседател, кој во историјата ќе остане запишан како голем политичар кој извојува победа во Студената војна против тогашниот Советски сојуз. Промоцијата на овие 250 метри асфалт симболично се случи на Денот на независноста на САД.

„Ми претставува огромно задоволство затоа што како војник во морнарица служев во бродот кој го носи името на овој значаен американски претседател“, рече Спенсер Филдс, претставник на амбасадата на САД во Македонија.
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити најави дека наскоро во близина на овие две улици ќе биде испишано името и на уште еден американски претсдетаелот, во знак на благодарност за неговото пријателство кон Македонија.

„Се надевам дека многу скоро ќе можеме да му одадеме признание и на американскиот претседател Вудроу Вилсон, голем помагач на Балканот. За новото име на улицата добивме поддршка од сите, од Владата, од градот Скопје, и од општината Чаир“, рече градоналаникот Меџити.

Денешната промоција на новото име на чаирската улица е дел од целодневната прослава што оваа општина ја организира по повод овој ден.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG