Линкови за пристапност

Илјадници протестираа во Македонија, барајќи оставка на премиерот


Никола Груевски најави контра-собир, закажан за понеделник

Преку 20.000 лица на протест во Скопје денес побараа оставка од премиерот Никола Груевски, во време кога Македонија се соочува со се` подлабока политичка криза.

Притисокот врз Груевски расте откако претходно годинава изби аферата прислушување којашто отвори прашања за тоа колку цврсто владата ги контролира медиумите, судството и изборите откако премиерот дојде на власт пред девет години.

Опозициониот водач Зоран Заев денес најави дека протестот ќе продолжи се` додека Груевски не замине од власт.

„Остануваме овде пред Владата. Оставка од Никола Груевски мора да има. Додека не замине Груевски, не заминуваме ни ние одовде“, рече Заев пред насобраните.

Протестот уследи една недела по судирот меѓу полицијата и вооружени лица во којшто загинаа осуммина полицајци и 14 припадници на вооружената група. Македонските власти сооштија дека лицата планирале да предизвикаат хаос и страв, но според пишувањето на дел од медиумите, властите сакале да предизвикаат судир за да ја спасат владата.

Премиерот најави контра-собир, закажан за понеделник.

XS
SM
MD
LG