Линкови за пристапност

Експерти: Членството во НАТО носи многу привилегии


Експерти: Членството во НАТО носи многу привилегии
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Многу е важно Македонија што побрзо да стане членка на НАТО, пред се` од безбедносен аспект. Ова е оценката на експерти по безбедност, кои додаваат дека и Македонија и` е потребна на Алијансата. Според нив, членството ќе се одрази позитивно и врз домашната економија и странските инвестиции.

„Важно е и поради ризикот од борците-повратници од ИСИС кои ги има стотина во Македонија, и тука е потребна една координација помеѓу државите-членки на НАТО. И подобро ние да сме таму да може координирано да делуваме и со Албанија и со Хрватска, Црна Гора, за да можеме да спречиме евентуални такви исламистички напади“, вели Жидас Даскаловски, универзитетски професор.

„Ќе имаат корист и соседите, во таа смисла мислам дека е добро Македонија да си ја заврши работата веднаш и сега. Стратешките партнери, а особено САД, треба да бидат малку појасни во овој процес, исто и Германија. Тие имаат моќ и капацитет да ги истуркаат овие работи“, вели Раде Рајковчевски, член на регионалната иницијатива „Балкански форум“, (The Balkans Forum).

„Доколку Македонија се приклучи на НATO, тоа дополнително ќе ги обезбеди нејзините граници, ќе ги заштити граѓаните и ќе го олесни пристапот на институциите во ЕУ. Приклучувањето на НАТО е предуслов, иако не е задолжително пред државата да стане членка на ЕУ“, вели Карлос Флорес, универзитетски професор од Шпанија.

Нашите соговорници сметаат дека новата влада треба да инсистира земјата да влезе во НАТО под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“, но и да ја искористи и да инсистира на правната победа во судот во Хаг.

„Може да се постигне согласност меѓу сите земји-членки на НАТО за прием на Македонија под привремената референца и со тоа државата нема ништо да изгуби. Ќе се отворат многу процеси. Членството во НАТО носи многу привилегии и на политички, безбедносен и на економски план и затоа треба што поскоро новата влада своите капацитети да ги насочи токму таму“, вели Никола Дујоски, универзитетски професор по безбедност.

Дујоски смета дека ова прашање може да биде третирано веќе на првиот следен самит на НАТО, а кој треба да се одржи на средината на 2018-ма во Истанбул.

И премиерот Зоран Заев вети членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, во најкраток можен рок.

Овие, и други теми беа во фокусот на разговорите на Меѓународната конференција за безбедност, што се одржа во Охрид.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG