Линкови за пристапност

Блокиран кабинетот на претседателот на Парламентот


Блокиран кабинетот на претседателот на Парламентот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ објавија фотографии на кои се гледа како ги чуваат просториите на спикерот, а во кои се` уште работи претседавачот Вељаноски

Ден откако американската администрација, преку високиот претставник на Стејт департментот Хојт Ји, потврди дека ќе соработува со Талат Џафери, новоизбраниот собраниски спикер се соочи со проблем - беше блокиран кабинетот на претседателот на Парламентот што тој треба да го преземе.

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ објавија фотографии на кои се гледа како ги чуваат просториите на спикерот, а во кои се` уште работи претседавачот Вељаноски. На новинарските екипи не им беше дозволен пристап - собраниското обезбедување ги запре пред вратата што води кон кабинетот на спикерот.

Од ДУИ,чиј кадар е Џафери, изјавија дека тој уште од изутрината бил во парламентот и побарал услови за да функционира кабинетот на Собранието.

„Една канцеларија не е институција, институција е Талат Џафери, тој е веќе претседател. Добивме одговор од Генералниот секретар на Собранието дека е потребно таа објава да биде објаевна во Службен весник за тој да постапи во согласност со барањата на новиот претседател на Собранието. Ние тоа веќе го сторивме“, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Дел од медиумите денеска објавија дека во парламентот биле и техничкиот премиер Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во зградата на собранието се` уште се видливи трагите од минатонеделното дивеење на толпата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG