Линкови за пристапност

Меѓународната заедница реагира по одлуката на претседателот Иванов


Меѓународната заедница реагира по одлуката на претседателот Иванов
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Амбасадорот на САД во РМ, Џес Бејли рече дека чекорот бил неконзистентен со основните демократски принципи и владеењето на правото кои се суштински вредности на НАТО.

Меѓународната заедница е сериозно загрижена за ситуацијата во Македонија и насоката на земјата по одлуката на претседателот Иванов да не му го даде мандатот за формирање влада на Зоран Заев иако лидерот на СДСМ обезбеди мнозинство во парламентот. Амбасадорите акредитирани во Скопје денеска се сретнаа во седиштетото на Европската унија. Пред почетокот на состанокот американскиот амбасадор Бејли го повика шефот на државата да ја разгледа одлуката.

„Веруваме дека ваквиот чекор беше неконзистентен со основните демократски принципи и владеењето на правото кои се суштински вредности на НАТО. Како стратешки партнер на Македонија и како пријател со целосна, почит кон македонскиот суверенитет и единство, го повикуваме претседателот Иванов повторно да ја разгледа оваа одлука. Истовремено ги повикуваме македонските соседи да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овие моменти на политичка чувствителност во земјата“, изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Република Македонија.

Реагира и Европската комисија, „Сите лидери во земјата, вклучувајќи го и претседателот, мора да го почитуваат исходот од изборите. Во демократија секој мора да признае парламентарно мнозинство колку тоа и да не му се допаѓа“, стои во писмета изјава на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Евро-пратеничката тројка, Кукан-Вајгл-Флекенштајн, во заеднички соопштение побараа Иванов и лидерите да ги почитуваат демократските одлуки на граѓаните. „Повикуваме на одговорност на претседателот и на политичките партии и воздржување од какви било потпалувачки изјави или активности. Суштински важно е исходот од изборите и волјата на граѓаните да се почитува со тоа што ќе се овозможи демократскиот процес да тече како и што би се очекувало во едно демократско општество“, велат европратениците.

Дополнителното усложнување на политичката ситуација во земјата се случува токму за време на посетата на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини која за состојбата во Македонија, но и во регионот в понеделник ќе реферира пред шефовите на европските дипломатии.

XS
SM
MD
LG