Линкови за пристапност

Ахмети бара време, Заев апелира за брза реакција


Ахмети бара време, Заев апелира за брза реакција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00

ДУИ ја врати топката кај СДСМ; Не е јасно што стои во барањата на употребата на албанскиот јазик.

Сега е редот на СДСМ да разгледува предлози – социјалдемократите го добија одговорот од ДУИ на нивниот „пакет-материјали“ кој е предуслов за евентуална коалиција. Зоран Заев не одговори директно на прашањето дали на понудата на СДСМ Али Ахмети пратил сосема нов закон за употреба на јазиците, иако од кажаното се насетува дека ДУИ најверојатно излегла со своја идеја за законско решение.

„Тоа се исти материјали за кои дискутираме, верувам дискутирале и со ВМРО-ДПМНЕ, сега дискутираат со нас. Доцна синоќа, некаде пред полноќ стигнаа материјалите, нашите работни групи ги разгледуваат и штом ќе имаме информација ќе ве известите. Она што сакам да го кажам за јавноста – за нас е се прифатливо што е во согласност со Уставот и се она што претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница, секако имајќи ги во предвид и потребите на граѓаните од другите заедници“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Верувам дека со вака широко поставени рамки и концептот едно општество за сите, ќе се најде решение. Не можам да кажам кога тоа ќе се случи зашто во оваа постапка ние не сме тие кои одлучуваме“, кажа тој.

Заев најавува дека партијата брзо ќе се произнесе и дека рамката во која треба да се бара можниот договор треба да биде Уставот и практичните потреби на граѓаните, а не некаков политички хир. Ахмети вчера порача дека прашањата за кои бара „гаранција“ се оние што се однесуваат на албанските интереси.

„Има анализи внатре во партијата, ве уверувам дека не станува збор за некаква „атомска бомба“, се работи за конкретни прашања за албанските интереси. Мислам дека секоја избрзана реакција ќе биде фатална“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Наспроти Ахмети кој бара време, Заев порачува дека треба што е можно побрзо решение за формирање влада, меѓу другото и поради наближувањето на локалните избори, кои треба да се одржат во првата половина на мај, што значи дека за да се запази овој рок, тие треба да се распишат до првите седмици на март.

XS
SM
MD
LG