Линкови за пристапност

Бела куќа: Русија го прекршува договорот


Со договорот од 1987-та година, САД и Русија се обврзуваат дека нема да развиваат проектили базирани на копно, со домет од 500 до 5,500 километри.

Претставник на Белата куќа соопшти дека со позиционирање на крстосувачки проектил, Русија го прекршила 30-години стариот договор меѓу САД и оваа земја. Според нуклерниот договор од 1987-та што се однесува на ракети од среден домет, забрането е поседување, производство или нивно тестирање земја-воздух до дострел меѓу 500 и 5.500 километри.

Во 2014-та американскиот Стејт департмент се пожали дека Русија го прекршува договорот бидејќи работи за производство и тестирање на таков проектил. Русија го порекна наводите.

Во вторникот, американски претставник потврди дека Русија има напредок во позиционирањето на проектилот.

Генералниот секретар Јенс Столтенберг изјави дека доколку извештаите се точни, постои причина за загриженост.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис не коментираше по активностите, но ја повтори поддршката на САД за НАТО:

„Алијансата и натаму е клучна основа за САД и целата здружена трансатлантска заедница. Како што кажа претседателот Трамп, тој силно го поддржува НАТО“, рече Матис.

Портпаролот на Кремљ изјави дека Русија „останува определена на своите меѓународни определби, вклучувајќи го и овој договор.

XS
SM
MD
LG