Линкови за пристапност

Жбогар: Неопходна фер кампања и кредибилни избори


Европската унија порачува дека кризата во Македонија трае предолго и дека нанела голема штета на демократијата во Македонија.

"Фер кампања и кредибилни избори во декември се клучен и прв чекор за разрешување на политичката криза. Оваа криза им нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на самите темели на владеењето на правото и демократскиот поредок и ја парализира земјата предолго. Декемвриските избори ќе понудат тест за одговорноста, тест за зрелоста на земјата, за нејзините лидери, за нејзините институции, за јавните службеници, за медиумите и конечно за граѓаните. Се надеваме, очекуваме дека ќе успеете и дека вашата земја ќе се врати на евроатлантскиот пат, каде што и припаѓа, ќе им се врати и на значајните реформи и на пропшеритетот", изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.

XS
SM
MD
LG