Линкови за пристапност

„Шарената револуција“ повторно на улица, овојпат за поддршка на СЈО


Обвинителката Катица Јанева ја напушти комисиската расправа за извештајот на работата на СЈО и се пожали на мобинг.

Припадниците на „Шарената револуција“ ги повикаа граѓаните денеска во 17 часот да излезат на улица и да присуствуваат на собирот за поддршка на работата на СЈО кој треба да се одржи пред зградата на Собранието. Тие велат дека единствена цел на собирот е да се покаже дека граѓаните ја поддржуваат работата на ова Обвинителство и да посочат на притисоците на власта кои треба веднаш да престанат.

Собирот беше најавен и закажан во петокот по три дена расправа на собраниската комисија за извештајот од шестмесечното работење на СЈО, во која Катица Јанева и нејзиниот тим беа на жесток удар на пратениците од ВМРО ДПМНЕ.

Денеска специјалната јавна обвинителка ја напушти комисиската расправа за извештајот на работата на СЈО, а постапката ја образложи со тврдење дека пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и` вршат постојан мобинг. Јанева најави дека ќе се појави само на Пленарна седница во Собранието на која ќе се разгледува извештајот за работата на Обвинителството. Таа повтори дека СЈО е предмет на опструкции од државните институции и побара од Врховниот суд и Судскиот совет да им помогнат во утврдувањето на вистината околу потеклото на прислушуваните разговори, но и да се завземат судските процеси, како оној за случајот “Пуч“, да почнат во разумен временски рок и да не се одолговлекуваат.

Вчеравечер, во герила-акција на „Шарена револуција“ беше обоена зградата на Кривичниот суд, за кој членовите на оваа организација сметаат дека ги врши најголемите опструкции во работата на СЈО.

XS
SM
MD
LG