Линкови за пристапност

Димитров: Не е време за предвремени избори


Во нов документ изработен од група експерти се бара ЕУ и САД да направат нова проценка на условите за избори

„Фактички, ние имаме една голема препорака, а таа е да не ја испуштат работата од раце, да останат вклучени, да останат вклучени колку што е можно посилно и подлабоко“ – изјавува Дане Талески, автор на документот „Финиширањето на кризата во Македонија: Кој седи во возачкото седиште?“

Ова го велат авторите на документот насловен како „Финиширањето на кризата во Македонија: Кој седи во возачкото седиште?“ изработен од „Балкан во Европа“ Советодавна група за политики. Целта на т.н. policy brief е да ја алармира меѓународната заедница дека сега не смее ниту да го намали својот интерес, ниту пак да се повлече од процесот одреден во Пржино. Авторката „тројка“ во која е и поранешниот амбасадор и преговарач за името Никола Димитров, ги повикува ЕУ и САД да направат нова оценка дали се исполнети условите за избори или не. Ако подобрување нема тогаш сугерираат ново одложување зашто, според проценките во документот, поглавје именувано како „Империјата на Груевски возвраќа“, владејачката партија, всушност посакува брзи и неподготвени избори.

„И во основа, овој систем што возвраќа брзи неспремни избори ги гледа како спас и како линија од која како лушпи ќе ги истресат сите нови обиди кои се воспоставија, како на пример специјалното обвинителство за контрола и одговорност. Како може со нови лоши избори да се реши криза која меѓу другото почна со серија лоши избори што е потврдено во извештајот на Прибе, во извештајот на ЕК, нешто што сите ние го слушнавме, за што има истрага...“ вели Никола Димитров, автор на документот „Финиширањето на кризата во Македонија: Кој седи во возачкото седиште?“

Во документот меѓу другото се повикува меѓународната заедница да делегира специјален пратеник со мандат да обезбеди фер и слободни избори, поголема вклученост на Вашингтон и Брисел во целиот тек на подготовка и спроведување на изборниот процес, мониторинг на трошењето пари за камапања, како и поддршка на граѓанскиот сектор кој има искуство во независно набљудување на избори.

XS
SM
MD
LG