Линкови за пристапност

Македонија: Откажана лидерската средба во Виена

  • Синиша Станковиќ

Иванов вели дека не ја повлекува одлуката; За вечерва во Скопје најавени два масовни протеста

И покрај медиумските информации дека средбата на лидерите на четирите партии во Виена со претставниците на ЕУ, се откажува, претседателот Ѓорге Иванов во писмена изјава ги повика политичките фактори „да се вклучат во овој процес и да понудат решение во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија“. Но тој додава дека нема да да ја промени одлуката за ослободување од гонење без спроведување постапка на 56 политичари, зашто таа е донесена во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија.

Тој исто така повика при остварувањето на правото за искажување незадоволство да не се нарушува јавниот ред и мир и да не се уништува приватниот и државниот имот.

Повикот на претседателот доаѓа пред двата масовни протести најавени за вечерва во главниот град, на приврзаници на спротивставени ставови за одлуката на Иванов, за активностите на Специјалното јавно обвинителство и за можноста за одржување на кредибилни избори на 5 јуни.

XS
SM
MD
LG