Линкови за пристапност

На настанот под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, учествуваат над 15.000 лица.

Денеска во Скопје, симболично и по повод националниот празник 11-ти октомври, се одржува граѓански марш под мотото, „Борбата продолжува, гласот победува“.

Маршот е организиран од коалицијата на опозициските партии предводени од СДСМ, како и од невладини прганизации и „Шарената Револуција“.

На настанот присуствуваат над 15.000 граѓани, жители на Скопје, но и од многу други градови од државата.

Маршот почна во 14.30. часот од булеварот „Партизански одреди“, а го предводеше лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Планирано е да заврши пред Собранието на Република Македонија.

На граѓаните ќе им се обратат личности од јавниот и политичкиот живот на Македонија. Се очекува тие да дадат голема поддршка на Специјалното Јавно обвинителство (СЈО).

XS
SM
MD
LG