Линкови за пристапност

Собранието ги изгласа новите министри

  • Синиша Станковиќ

Сепак, опозицискиот пратеник Шилегов ја обвини ДУИ за дополнително комплицирање на сложената политичка ситуација

Собранието на Република Македонија денес ги избра новите министри и заменици министри предложени од ДУИ. Иако вчера поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави дека по состанокот со Али Ахмети, му било најавено дека ДУИ ќе размисли за поднесените предлози и дека ќе има и измени во списокот, и иако премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев не ги стави во својот предлог до Собранието спорните кандидати Беким Максути и Арлинд Зеќири, сите кандидати на ДУИ без изгласани без гласовите на пратениците на СДСМ, зашто ДУИ инсистирала на усвојување на целата листа по цена на повлекување на предлозите.

За министер без ресор – заменик на премиерот задолжен за европски прашања, е избран Фестим Халили, за министер без ресор – заменик на премиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, - Арбер Адеми, за министер за правда - Валдет Џафери, за министер за образование и наука - Пиштар Лутфиу, за министер за економија - Дритон Кучи, за министер за животна средина и просторно планирање - Башким Ахмети, за министер за локална самоуправа - Шухрете Елези, за министер без ресор, задолжен за странски инвестиции - Арлинд Зеќири, а за заменици министри за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски и за финансии - Беким Максути, Агим Нухиу, Фатон Положани и Гзим Беадини.

Иако во експозето техничкиот премиер Димитриев потенцираше дека техничка влада има само една цел – спроведување на изборите на 5-ти јуни, според медиумските анализи раководството на ДУИ ги извело кадровските смени за ублажување на потресите за партијата предизвикани со објавувањето на компромитирачки снимки за високите партиски функционери.

Од друга страна, опозицискиот пратеник Петре Шилегов, потенцираше дека СДСМ нема да го поддржи изборот на „овие министри и заменици министри од редовите на ДУИ затоа што станува дел од сценарио на добро уиграни криминални банди кој што во изминативе 10 години владеат со нашата држава и на кој што единствена цел им беше нивното лично и партиско богатење каде што беа запоставени во целост интересите на Република Македонија“.

Тој потенцираше дека „одлуката на ДУИ да го повлече овој потег непосредно пред распуштањето на парламентот и евентуалното одржување на избори не е ништо друго освен значителен придонес на ДУИ во понатамошно комплицирање на и така сложената политичка ситуација во државата“.

XS
SM
MD
LG