Линкови за пристапност

СЈО од Иванов бара да ги повлече сите аболиции


СЈО бара целосно повлекување на аболицијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

И по одлуката на претседателот за повлекување на аболициите за 22 лица, СЈО не ги запрело истражните дејства

Паралелно со острата комисиска расправа за импичмент на претседателот Ѓорѓе Иванов, Специјалното јавно обвинителство излезе со официјален став по одлуката за делумно повлекување на помилувањата - очекува македонскиот претседател да ги отповика и останатите аболиции. Во првиот јавен настап по новонастанатата ситуација, СЈО побара да му се овозможат „отворени раце“ за процесот да го води без пречки, како што е аболицијата.

„Очекуваме и веруваме дека претседателот ќе ги исполни своите уставни обврски и ќе постапи во согласност со законските можности и во насока на духот на владеење на правото ќе овозможи реализација на правдата. Нашиот став е да има доследна примена на владеење на правото што значи ова начело да не биде предмет на селективен пристап и предмет на какви било понатамошни ограничувања“, изјави обвинителката во СЈО, Ленче Ристоска.

Таа соопшти дека и по одлуката на Иванов за повлекување на аболициите за 22 лица – политичари, СЈО не ги запрело истражните дејства и тие и понатаму продолжиле. Гледано по истраги што ги има отворено ова обвинителство, во „Титаник“ не се повлечени аболициите за пет лица, во „Тврдина“ за три, во „Тортура“ за шест, во „ТНТ“ не се повлечени аболициите за две лица, исто како и за „Пуч“.

„Треба да се овозможи ние да имаме неселективен пристап, да имаме „отворени раце“ за да ги спроведеме целокупно истрагите и да не прејудицираме од старт кон што тие истраги ќе водат“, рече Ристоска.

Дипломатите пак, повлекувањето на аболицијата не го врзуваат само со овозможување обвинителството непречено да работи, туку и со решение на ситуацијата.

„Искрено, излез од оваа политичка криза без целосно и сеопфатно повлекување на помилувањата ќе биде многу тешко да се замисли“, рече холандскиот амбасадор Ваутер Пломп.

Изминатиов период меѓународната заедница ги засилува пораките дека нема потреба од нов политички договор зашто, како како што порачуваат амбасадорите, доволно е „ставено на хартија“ последниве 12 месеци. Сега, според нив, време е тоа да се спроведе, а еден од клучните сегменти е токму непреченото функционирање на СЈО.

XS
SM
MD
LG