Линкови за пристапност

Стејт департмент: Политичарите кои вршат опструкции во Македонија да бидат земени на одговорност


Портпарол на американскиот Стејт департмент реагира на барањето на Гласот на Америка на македонски, за коментар по политичката криза во државата. Изјавата ја пренесуваме во целост:

„Македонските граѓани избраа парламентарни претставници во декември, и постои јасно мнозинство во Собранието, што чека да формира Влада. Соединетите Американски Држави ги поттикнуваат македонските лидери да сторат се` што можат, за формирање на Влада без натамошно одлагање за државата да може да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евро-атлантското семејство. Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на Владата, ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и регионот пошироко. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари, да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG