Линкови за пристапност

„Македонски манифест“ бара почит за претците

  • Синиша Станковиќ

Реагира на изјавата на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за Денот на независноста

За да постои Македонија денес како самостојна држава и за да има иднина, Македонците мора да ги почитуваат претците коишто ја создадоа и ја сочуваа, смета организацијата „Македонски манифест“, реагирајќи на говорот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на Свечената академија по повод 8-ми Септември, Денот на независноста, во којшто се задржа на 23-те години независност, но не и на Илинден 1903-та и Илинден 1944-та.

Модерната македонска државност не е ниту 8 Септември 1991, ниту дури 2 Август 1944 и затоа слоганот „23 години Република Македонија“ е политичка недоветност. Со Крушевската република од 1903, Македонија е република од пред 111 години.

„А тие (претците – н.з) беа и вмровци, и комунисти, и антифашисти, и демократи. Сите тие, со позитивните и со негативните идеи и дејности, ја создаваат нашата историја. Спротивставувањето едни спроти други води во ќорсокак. Почетокот на нашата иднина не е денес, туку во историското минато. Почетокот на македонската државност е од пред 2.800 години, а на модерната македонска држава - од Илинден 1903 година“, стои во реакцијата на „Македонски манифест“, во којашто се изразува вчудовидување од обидот на Вељаноски да ги изостави Илинден 1903-та и Илинден 1944-та, за сметка на 8-ми Септември 1991-ва како основа на модерната македонска државност.

Нашата татковина 23 години чекори по патот на независноста. Нашите граѓани 23 години ја живеат слободата и успешно се носат со одговорноста која доаѓа со независноста. Самите сме одговорни за својата судбина. Самите ги кроиме нашите политички потези. Останаа зад нас, како мрачен спомен, времињата кога некој друг, а не ние самите, одлучуваше за нас и во наше име. Останаа зад нас периодите кога туѓи војски, полиции, политичари и администрација го угнетуваа овој народ.

Според „Македонски манифест“, на 8-ми септември 1991-ва Република Македонија станала независна држава, надградувајќи ги достигнувањата на претходниците, со што „трите македонски Илиндена не се конфронтираат меѓу себе, туку ги надградуваат принципите и суштината на модерната македонска држава. Сите тие имаат рамноправно место во македонската историја, како и сите нивни организатори и градители. До почетокот на Втората светска војна главна улога имаа претставниците на разните ВМРО-вски партии, потоа - до 1991 г. Комунистичката партија на Македонија, а по осамостојувањето - сите политички партии: и стари, и новосоздадени“, пишува во реакцијата.

„Модерната македонска државност не е ниту 8 Септември 1991, ниту дури 2 Август 1944 и затоа слоганот „23 години Република Македонија“ е политичка недоветност. Со Крушевската република од 1903, Македонија е република од пред 111 години. Не е битно дека таа република постоела само 10 дена“, наведува „Македонски манифест“.

Оваа држава, Вељаноски, било како Народна, Федерална, Социјалистичка или сега (само) Република Македонија не може да слави 23, туку само цели 70 години. Вие, ако веќе сакате да ги игнорирате претходните 47 години државност, морате да нагласите дека ја славите целосната независност на земјата, постигната благодарејќи и на значајниот референдум одржан на овој ден. Во спротивно, поточно во случајов, правите недозволив и непростлив историски фалсификат...

Организацијата потенцира дека основа на државноста е Крушевската република: „„Прво, заради републиканизмот. Второ, заради демократското уредување. Трето, заради меѓуетничкиот плурализам. Во Крушевската Влада рамноправно учествуваат етносите во Македонија. Четврто, заради уредувањето на самата Влада: ресорите судство, финансии, безбедност, медицина, економија... Петто, постои управа за собирање даноци од населението, шесто, поштенска служба итн. Со други зборови, функционира класична држава. Притоа, со своја вoјска, подготовка за ковање сопствени монети со грб, знаме и слично“.

Претходно, остра критика до Вељаноски, преку јавно писмо упати и амбасадорот Ристо Никовски. Во писмото насловено „Знаете ли да броите Вие Вељаноски?,“ тој реагира поради поврзувањето на 23-годишнината од независноста со почетоците на македонската државност.

„Оваа држава, Вељаноски, било како Народна, Федерална, Социјалистичка или сега (само) Република Македонија не може да слави 23, туку само цели 70 години. Вие, ако веќе сакате да ги игнорирате претходните 47 години државност, морате да нагласите дека ја славите целосната независност на земјата, постигната благодарејќи и на значајниот референдум одржан на овој ден. Во спротивно, поточно во случајов, правите недозволив и непростлив историски фалсификат, игнорирајќи повеќе од двојно подолга историја на оваа држава, пред тоа“, пишува Никовски.

Ние во 1944 станавме федерална единица на друга држава. Тоа беше огромен чекор напред, за што несомнено заслуги имаат сите учесници во НОБ, Македонците и сите други, како што во тоа време ги нарекуваа, народи и народности... Македонија направи огромен исчекор, и никој не го потценува тоа, но држава е кога е независна, кога има своја војска, своја валута, членство во ООН, одбележани граници од сите страни, свој пасош, своја дипломатија итн. Од 1991 година тоа го имаме, а претходно го немавме.

Реагирајќи и за начинот на прославата на јубилејот од Првото заседание на АСНОМ, на кое според него е создадена современата македонска држава, без што „ќе не’ немаше, ќе бевме современи Азари“, Никовски го обвини Вељаноски дека сакал со еден потег да фрли дел од современата македонска историја на буниште.

„Со ваквото Ваше (а, преку Вас, и наше) однесување, само им давате право на тие кои и денес не го прифаќаат македонскиот народ и прават се’ да не прекрстат. Ако веќе ние не си признаваме дел од нашата вчерашна, по многу што славна историја, а зошто тие да сметаат дека ние сме автохтони, дека не сме Титова или измислица на Комитерната“, му напиша амбасадорот на претседателот на Собранието.

Во обраќањето на Денот на независноста, Вељаноски рече дека „нашата татковина 23 години чекори по патот на независноста. Нашите граѓани 23 години ја живеат слободата и успешно се носат со одговорноста која доаѓа со независноста. Самите сме одговорни за својата судбина. Самите ги кроиме нашите политички потези. Останаа зад нас, како мрачен спомен, времињата кога некој друг, а не ние самите, одлучуваше за нас и во наше име. Останаа зад нас периодите кога туѓи војски, полиции, политичари и администрација го угнетуваа овој народ“.

Република Македонија се викаше прво Демократска Федеративна, па Народна Република, па Социјалистичка Република Македонија , за да дојде до Репунлика Македонија во 1991. Тоа беа имињата на Република Македонија која имаше државност. Тоа значи дека отцепувањето на тој период од 1944 до 1991 и заборавањето, ја става на тенок мраз денешна Република Македонија!

Тој не се огласи јавно по повод нападите, но реагираше неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ, според којашто Македонија, за жал, не била држава од 1944-тата.

„Ние во 1944 станавме федерална единица на друга држава. Тоа беше огромен чекор напред, за што несомнено заслуги имаат сите учесници во НОБ, Македонците и сите други, како што во тоа време ги нарекуваа, народи и народности... Македонија направи огромен исчекор, и никој не го потценува тоа, но држава е кога е независна, кога има своја војска, своја валута, членство во ООН, одбележани граници од сите страни, свој пасош, своја дипломатија итн. Од 1991 година тоа го имаме, а претходно го немавме. Од 1991 година имаме независна држава. Држава е држава кога е независна, а не кога за најголемиот дел од одлуките чека на Белград. Сите ние, исто како и вие, пред 1991 година имавме југословенски пасоши, во графата државјанство пишувавме СФРЈ, а во графата националност Македонци или она што некој бил”, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, „не случајно Тито се одлучи да ни даде статус на федерална единка. Тој беше современик на ВМРО. Тој растеше слушајќи за подвизите и борбата на ВМРО. Тој знаеше низ каков пекол помина Кралството СХС, поради игнорирањето и потиснувањето на Македонците и нивните права. Тој знаеше што го чека ако повторно нè прогласи за бановина или провинција без најмалку статус на федерална единка. Тој знаеше дека нема да има мир, бидејќи претходно гледаше и знаеше како 40 години ВМРО се бореше. Тој знаеше дека ако повторно го погази и игнорира стремежот на Македонците нема да има мирен сон… “

И професорот д-р Владо Поповски, еден од создавачите на Уставот на независна Македонија, е дециден дека Македонија годинава слави 70 години од државноста. Тој во гостувањето на ТВ Нова, изјави дека изјавата на Вељаноски можеби е необмислена:. „Но, ако е смислено да се издвои асномскиот период од Република Македонија!? Република Македонија се викаше прво Демократска Федеративна, па Народна Република, па Социјалистичка Република Македонија , за да дојде до Репунлика Македонија во 1991. Тоа беа имињата на Република Македонија која имаше државност. Тоа значи дека отцепувањето на тој период од 1944 до 1991 и заборавањето, ја става на тенок мраз денешна Република Македонија! Република Македонија има авторитет и со оглед на нејзиното учество во антифашистичкиот фронт што и од големите сили беше признато во рамките на СФРЈ“.

XS
SM
MD
LG