Линкови за пристапност

НБА: Мајами - шампион


НБА: Мајами хит - нов шампион на НБА
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:07 0:00
Direct link

НБА: Мајами хит - нов шампион на НБА

Леброн Џејмс прогласен за најкорисен играч во финалето

Кошаркарите на Мајами хит се нови шампиони на НБА. Во петтиот од серијата „најдобар од седум“ натпревари, во домашната арена Американ ерлајнс, ги совладаа Оклахома Сити тандер со 121:106 и победија со вкупен резултат од 4:1.

Иако водеа во текот на целиот натпревар, Хит ги надиграа Тандер во третата четвртина кога постигнаа 36 коша, наспроти 22 на гостите.

Титулата - најкорисен играч во финалната серија му беше доделена на Леброн Џејмс, кој беше најпрецизен кај домашните со 26 поени, а имеше и 13 асистенции. Двејн Вејд постигна 23 коша.

Младиот тим од Оклахома го предводеше ѕвездата во подем Кевин Дурант со 32 поени, но, тие не беа доволни за анулирање на предноста на Мајами, што на моменти изнесуваше и 23 коша.

Годинешниот шампионски прстен е втор за Мајами, а прв за Леброн Џејмс, кој пред две сезони премина од Кливленд кавалирс, а тоа го соопшти на јавен контроверзен настап на спортскиот канал ЕСПН, при што разлути и разгневи многу верни навивачи.
XS
SM
MD
LG