Линкови за пристапност

Милер го поддржа членството на Македонија во НАТО


Конгресменката поднесе резолуција во Претставничкиот дом.

Конгресменката Кендис Милер, која е на чело на Конгресната група пријатели на Македонија и на македонско-американска заедница, петокот поднесе резолуција во Претставничкиот дом што ја афирмира поддршката на САД за членството на Македонија во НАТО.

Во изјавата по повод понесувањето, Милер наведува дека Македонија беше една од првите земји што даде поддршка на САД по терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва, дека цело време е ефикасен член на меѓународните безбедосни напори и дека е кандидат што бездруго заслужува прием во НАТО. Таа потсетува и дека уште од 1993-та, Македонија е посветена на членството во НАТО и учествува заедно со НАТО-силите во мисиите ширум светот.

„Тоа е горда нација што ги споделува нашите вредности и посветеноста на слободата и демократијата“, вели Милер. “Како претседавач на Конгресната група пријатели на Македонија и на македонско-американска заедница, јас разбирам што Македонија има и може да придонесе во НАТО и енергично се залагам за нејзин пример во меѓународната безбедносна организација“.
XS
SM
MD
LG