Линкови за пристапност

Новинарите да бараат одговорност, оти политичарите кажуваат сешто


Mедиуми-избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Mедиуми-избори

Секоја изјава што е дадена да се преиспита од каде доаѓа и дали е точна, порачаа експерти за Гласот на Америка

Брзата проверка на факти од страна на новинарите ќе направи суштинска разлика на изборите во декември. Лион Морс, експерт за медиуми во организацијата „ИРЕКС“, во Вашингтон вели дека ова е прв услов за фер изборно известување.

„Клучна разлика меѓу изборното известување и известување за други прашања, е тоа што кога се работи за избори, новинарите треба да бидат способни да кажат дека кандидатите направиле нешто погрешно, ако такво нешто откријат. Потребни се - балансирано известување и професионализам, новинари кои сакаат да ја откријат вистината“, вели Морс.

Друг услов, вели тој, е новинарите да не` заземаат политичка страна во извештаите.

„Секаде во светот има ситуации во кои новинарите во основа се приклонуваат кон една или друга политичка страна, бидејќи се платени од политичките партии и стануваат нивни сурогати. Мислам дека тоа е случај во Македонија, но таа сигурно не е единствена. Никој не сака новинари и медиуми кои се под влијание на пари и на политика“, објаснува Морс.

Особено важно е и новинарите да поставуваат прашања кои политичарите ги одбегнуваат, како и да им овозможат еднаков простор во медиумите.

„Медиумите треба да бидат повеќе од платформа за кандидатите да дискутираат и да ги споделат нивните идеи. Ако кандидатот ја претстави реалноста комплетно неточна и исполнета со лаги, работа на новинарот е да го притисне тој кандидат токму за тие прашања“, смета тој.

Според него, поделбата меѓу македонските новинари мора да престане, оти води до поделба на општеството.

„Една од ситуациите што сме ја виделе во Македонија е новинар да напаѓа друг новинар. Комплетно надвор од реалната ситуација. Место да зборуваат дали некој кандидат е најдобро квалификуван или не, чии идеи се најдобри, новинарите лично се напаѓаат ака некој напише негативно за кандидатот што тие го поддржуваат“, рече Морс.

Џефри Јанг, обучувач на странски новинари од Гласот на Америка порача новинарите да не ја поминат тенката линија меѓу активизам и новинарство на претстојните избори.

„Прашувајте - се`. Секоја изјава што е дадена преиспитајте ја од каде доаѓа и дали е точна. Политичарите кажуваат се` - но новинарите се тие што бараат одговори и одговорност. Набројте се` што кажале, и побарајте од нив тоа да го докажат“, порача Јанг.

XS
SM
MD
LG