Линкови за пристапност

Избран 51 градоначалник во првиот круг

  • Соња Трајковска

Во 28 општини и Скопје ќе се гласа по вторпат.

Во 51 од вкупно 80 општини во Македонија и градот Скопје избрани се градоначалници во првиот круг на локалните избори.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска попладне на прес-конференција, соопштувајќи ги првичните неофицијални резултати од вчерашното гласање, информираше дека во 29 општини ќе има втор изборен круг за две недели, меѓу кои и Скопје.

Според претседателот на ДИК, Борис Кондарко, треба да се обработат податоците од уште 8 избирачки места.

Охрид, Прилеп, Штип, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Гевгелија, Дојран, Пробиштип, Македонски Брод, Петровец, Вевчани, Крива Паланка и Зрновци се само дел од 39-те општини каде победници се кандидатите на владејачката коалиција ги осовија градоначалничките места уште во првиот круг. Социјалдемократскиот сојуз вчера освои две градоначалнички места – Ранковце и Струмица, Демократската унија за интеграција седум - Сарај, Чаир, Боговиње, Кичево, Дебар и по едно Демократската партија на Турците во Центар Жупа, Сојуз на Ромите во Шуто Оризари, и независен кандидат во Чучер- Сандево.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од владејачката ВМРО- ДПМНЕ освоила 406.650 гласови, додека Сојузот за иднината предводена од најголемата опозицискиот СДСМ - 291.378 гласови.

Втор круг од локалните избори ќе има во скопската општина Карпош, каде некогашниот член на СДСМ, сега кандидат на Српската напредна странка, Стевчо Јакимовски, најверојатно ќе се соочи со неговиот некогашен сопартиец Андреј Петров. Меѓу општините каде ќе се гласа на 7-ми април е и Струга, каде како и во Кичево, двата најголеми ривали во македонскиот политички блок ВМРО - ДПМНЕ излегоа со заеднички кандидат, кој ќе се соочи со кандидатот на ДПА. Градоначалник во вториот изборен круг ќе добие и скопската општина Центар, каде на кандидатот на СДСМ Андреј Жерновски малку му недостасуваше да го наследи неговиот главен ривал и актуелен градоначалник, Владимир Тодоровиќ од ВМРО- ДПМНЕ.

Во вториот круг ќе се добие и градоначалникот на Скопје. Актуелниот Коце Трајановски со голема предност влегува во оваа трка со Јани Макрадули.
За две недели ќе се знае и кој ќе ги води општините Велес, Кочани, Делчево, Гостивар, Карбинци, Куманово, Арачиново, Берово, Богданци, Дебарва, Могила и Врапчиште.
Пред да ги објави денешните податоци, ДИК мораше прво да ја разреши забуната која настана со податоците објавени на нејзината Интернет-страница, и, според кои, прилично голем број општини добија градоналаници уште во првиот круг, што предизвика реакции. Проблемот настанал бидејќи ДИК при пресметувањето на освоените проценти од гласовите кај еден кандидат ги сметала само важечките гласачки ливчиња, а не вкупниот број на оние кои гласале. Имено, за еден кандидат да биде прогласен за победник во прв круг од изборите мора да освои 50 проценти од гласовите плус еден глас, но од вкупниот број гласови, а не само од важечките гласови.
XS
SM
MD
LG