Линкови за пристапност

Во недела втор избрен круг на локалните избори

  • Борјан Јовановски

macedonia 2

macedonia 2

Во недела на седми април во вториот круг од локалните избори ќе се гласа во 29 општини и Градот Скопје, на 1.614 избирачки места на кои право на глас имаат 1.103.175 гласачи.

Повторување на гласањето од првиот круг ќе има на три избирачки места во Струмица и едно во Долнени.

Утре на гласање ќе излезат затворениците, болните и изнемоштените и внатрешно раселените лица. Во вториот круг, право на глас во општините каде ќе се одржуваат изборите имаат 988 затвореници и 73 внатрешно раселени лица.

Според интересот на медиумите и јавноста, но и според активностите на политичките ривали во изминативе денови, најголема борба ќе се води за освојување на градоначалничката функција во скопската општина Центар, Велес, Куманово но и неколку други урбани центри.

Според набљудувачите, не помалку важна е и изборната битка за градоначалничките функции во Гостивар и Тетово, две општини во кои победата носи престиж за етнички албанските политички партии.

Според политикологот Александар Мисев, во вториот круг се очекува помала излезност на гласачите, но таа нема да биде, како што наведува самиот, под 55% од запишаните гласачи.

Со цел да го намали бројот на забелешки од првиот изборен круг од домашните и странски набљудувачи, Државната изборна комисија (ДИК) донесе поригорозни правила за гласање за одредени групи граѓани, а пред се` за болните лица, кои согласно законот гласаат дома. Во првиот изборен круг, бројот на овие лица беше преку 13.000 – најмногу пријавени болни за време на еден изборен процес.
ДИК со новите мерки сака да ја намали можноста за манипулација со овие гласови, за што беше изразен сомнеж од некои од набљудувачите во првиот изборен круг.
XS
SM
MD
LG