Линкови за пристапност

Директорот на УБК осомничен за начинот на апсење на Бошкоски


По наредба на директорот на УБК, со прекумерна тортура, „Алфите“, при апсењето на ексминистерот Бошкоски, му нанеле душевно страдање

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конференција објави дека започнува нова истрага под името „Тортура“, чиј предмет е начинот на кој е извршено апсењето на Љубе Бошкоски, поранешен министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија..

Обвинителката Фатиме Фетаи, како дел од тимот на Јанева, го образложи случајот „Тортура“, во кој се осомничени седум лица, меѓу кои и поранешниот челник на Управата за безбедност и контраразунавање, (во време на апсењето на Бошкоски, тоа е Сашо Мијалков, братучед на премиерот Никола Груевски – н.з), кој според Фетаи, како одмазда за политичките пораки испратени од Бошкоски за време на предизборната кампања, му наредил на второосомничениот, челникот на полициската единица „Алфи“, за време на апсењето на Бошкоски со понижување и тортура, да му биде предизвикано духовно страдање, што полицајците, според неа, „со беспоговорно постапување и сервилна покорност“ и го извршиле.

Фетаи цитираше и дел од навредите, заканите и пцостите кон Бошкоски и неговата сопруга, што ги изговарале „Алфите“ при неговото апсење, за време на кое, иако не пружал никаков отпор при апсењето, ексминистерот четириесеттина минути бил држан - легнат на стомакотот, заврзан со лисици зад грб, со лицето кон тоалетот на паркингот, со што му било повредено достоинството.

Според неа, СЈО бара да се отвори постапка против седум лица, а од судот предлага да изрече мерка претпазливост. „Извршителите не криеле, туку сакале јавноста да ја види бескрупулозноста на пресметката со политичкиот противник Бошкоски“, рече Фетаи, според коа ваквите постапки се казниви по сите меѓународни стандарди и според Кривичниот законик.

Обвинителката Ленче Ристовска одговараше на бројните новинарски прашања, меѓу кои едното беше и за барањето на СЈО до Централниот регистар за податоци за фирми кои се предмет на истрагите.

Специјалната обвинителка Јанева денес соопшти и дека неделава Специјалното Јавно обвинителство ги презема и предметите „Маѓар Телеком“ и „Пуч“ за поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, во согласност со Законот за СЈО и содржината на овие предмети. Се очекува и случајот „Шпион“да биде преземен од СЈО, предмет во кој 17 лица беа осудени на затворски казни за повеќе кривични дела, а кои и деновиве додека Апелацискиот суд ги разгледува нивните жалби, тврдат дека се притворени и осудени во монтиран случај.

XS
SM
MD
LG