Линкови за пристапност

Во тек е лидерска средба - се` уште нема датум за избори


Лидерска средба
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Нема договор ниту за петтиот член на привремената комисија за следење на медиумите пред изборите

Со речиси еден час задоцнување, Никола Груевски, Али Ахмети, Зоран Заев и Мендух Тачи седнаа на средба, на која треба да се договорат за тоа дали се исполнети условите до крајот на годината, најверојатно во декември, да се одржат предвремените парламентарни избори.

Четворицата лидери треба да се усогласат дали елементите од договореното на 20-ти јули се завршени и имплементирани.

Една од работите која се` уште е неисполнета, е и изборот на петтиот член на ад-хок комисијата за набљудување на предизборното информирање на медиумите.

Постојните четворица членови на ова тело, предложени од партиите, ниту денеска непосредно пред лидерската средба не успеаја да ги надминат разликите и да се усогласат за петтиот нивни колега.

„Од почетоктот на разговорите имаме еден член на ова тело кој инсистира дека само еден кандидат од пријавените е соодветен, дека само тој мора да биде избран и тоа реално ја кочи процедурата. Јас му предложив на господинот Костовки тој да се повлече, а неговиот предлог да дојде на неговото место, и ние да продолжиме да работиме“, рече Цветин Челиманов, член на Комисијата.

Неофицијално, станува збор за новинарот и комуниколог Сефре Тахири кој засега не поминува кај двајцата членови на Комисијата, кои се делегирани од ВМРО-ДПМНЕ.

„Образложението е дека тие немаат никаква насока за тоа како да гласаат во оваа ситуација и тие чекаат на инструкции, но времето тече и тоа треба лидерите треба да го знаат“, изјави Љубомир Костовски, член на Комисијата.

Костовски објаснува дека неговите двајца колеги не можат да го прифатат овој кандидат, за кој тој смета дека би бил одличен избор за оваа позиција, која треба да има клучна улога во обезбедување фер и избалансирано медиумско покривање на претстојните избори.

XS
SM
MD
LG