Линкови за пристапност

Протест во Скопје: „Осудата на Кежаровски е осуда на новинарството“

  • Борјан Јовановски

Колегите револтирани по одлуката на Апелацискиот суд кој изрече две години затвор за новинарот Кежаровски

Новинарската зедница денеска на повик на Здружението на новинарите на Македонија излезе на протест пред зградата на апелацискиот суд во Скопје, кој вчера ја објави својата одлука - казната затвор за новинарот Томислав Кежаровски од 4,5 да биде намелена на две години затвор.

„Само еден ден затвор е многу за невин новинар и е голема казна која предизвикува голема штета врз слободата на говорот и слобордата на медиумите. Апелацијата сака да не убеди дека државата никогаш не греши и со тоа сака да не обесхрабри како новинари критички да ја следиме работата на државните институции. Ако власта сакала да не` уплаши, се излажа. Како никогаш порано сме сплотени во одбрана на Кежаровски, затоа што сите сме Кежаровски“, изјави Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Селмани ги повика новинарите во вторник во 12 часот повторно да излезат пред зградата на апелацискиот суд и да го изразат својот револт по одлуката на судот.

Претседателката на Независниот сидникат на новинарите, Тамара Чаусидис, изјави дека осудата за Кежаровски е осуда за новинарството во Македонија.

„Ние како новинари нема да замолчиме и да ја прифатиме одлуката на судот, затоа што тоа е замолчување на новинарите. Што треба уште да се случи за да кажеме доста е. Апелирам сите да застанеме во одбрана на новинарството кое го брани малиот човек“, рече Чаусидис.

Новинарите собрани пред зградата на апелацискиот суд во рацете држеа траспаренти на кој е истакната паролата „Јас сум Кежаровски“ преведена на повеќе јазици.

Во вторик ЗНМ и Синдикатот изјавија дека очекуваат помасовен протест на новинарската заедница.

XS
SM
MD
LG