Линкови за пристапност

Без решение, но оптимизмот продолжува


„Продолжуваме со интензивни дискусии“ - посредникот Метју Нимиц на прес-конференцијата со преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски
„Продолжуваме со интензивни дискусии“ - посредникот Метју Нимиц на прес-конференцијата со преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски

По дводневните разговори за името во Њујорк, најава за скорешна средба.

Внимателно одмерувајќи ги изјавите, посредникот на ОН во прашањето за името меѓу Македонија и Грција по најновата рунда на преговори во Њујорк оцени дека позициите на двете држави се кристализираат и дека обете страни напорно работат во правец на решение.

„Имаше реакции на некои од моите идеи, продолжуваме со интензивни дискусии“.
Метју Нимиц, посредник на ОН

„Да видиме дали може да постигнеме некаков договор. Имаше реакции на некои од моите идеи, продолжуваме со интензивни дискусии. Се согласивме повторно да се сретнеме релативно скоро, но се` уште не го утврдивме датумот“, изјави Метју Нимиц на прес-конференцијата по дводневните разговори, со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис покрај себе.

„Имавме продуктивна средба со медијаторот Метју Нимиц на којашто два часа разговаравме и за супстантивни прашања“.
Зоран Јолевски, преговарач на Република Македонија

Запрашан дали има нешто конкретно од овие средби, Нимиц возврати дека процесот е конструктивен и дека не е разочаран од него.

Македонскиот амбасадор во Вашингтон Зоран Јолевски во изјава по прес-конференцијата потенцираше дека Македонија заслужува да биде членка на ЕУ и НАТО, дека во решението треба да се зачува достоинството и идентитетот на македонскиот народ и дека македонската страна е заинтересирана за интензивно ангажирање во преговарачкиот процес.

Грчкиот амбасадор Адамантиос Василакис не сакаше да даде изјава за медиумите на македонски јазик, само кусо истакнувајќи дека нема што да дополни од она што веќе го кажа Нимиц.

„Денеска имавме продуктивна средба со медијаторот Метју Нимиц на којашто два часа разговаравме и за супстантивни прашања“, рече Јолевски.

Тој ги отфрли наводите дека паднал предлог од типот „се` или ништо“; најави дека додека не се постигне договор, нема да се излегува во јавноста со детали и коментираше дека решението на спорот и евроатлантската интеграција на Македонија не се добри само за земјата, туку и за Грција и регионот во целина. Јолевски гледа подготвеност и од грчка страна за интензивирање на процесот на преговорите.

Грчкиот амбасадор Адамантиос Василакис не сакаше да даде изјава за медиумите на македонски јазик, само кусо истакнувајќи дека нема што да дополни од она што веќе го кажа Нимиц. Грчката страна инсистира на решение со едно име за општа употреба, што би содржело географска одредница.

Јолевски потврди дека се разговарало и за наредната средба, иако не се знае локацијата. Не е исклучено да се одржи во наредните неколку недели, во европските седишта на ОН – Женева, или Виена.

Запрашан дали е во контакт со ЕУ и други земји за интензивирање на прашањето, Нимиц рече дека постои голем меѓународен интерес, за кој оцени дека не е само
академски, додавајќи дека се работи за чувствително прашање, во чувствителен дел на светот, чие решавање ќе донесе поголема стабилност во регионот.
XS
SM
MD
LG