Линкови за пристапност

МНР препорачува туристите да ја избегнуваат Атина

  • Соња Трајковска
  • известува Скопје

МНР препорачува туристите да ја избегнуваат Атина

МНР препорачува туристите да ја избегнуваат Атина

Поради штрајкот и нередите во Грција намален бројот на патници на граничните премини.

Нередите во Грција, предизвикани од штрајкот против новите мерки на штедење на владата во Атина, го намалија бројот на заинтересирани да патуваат во оваа земја.

На трите гранични премини, според податоците на Регионалниот граничен центар Југ, фреквенцијата на сообраќајот е намалена за дестпати и тој се одвива без застои.

Единствената забрана е на граничниот премин Богородица, и тоа за товарниот сообраќај, додека патничките возила и автобусите се пропушаат по 15- тина минути на интервал од два часа. На останатите два премини, Дојран и Меџитлија, се пропуштаат сите возила, вклучувајќи ги и товарните.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги повика македонските граѓани да избегнуваат престој во Атина и во другите поголеми градови.

„МНР препорачува македонските граѓани кои во моментов престојуваат или треба да патуваат во туристичките дестинации во Република Грција, редовно да се информираат преку Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина и Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун, како и преку средствата за информирање, за проодноста, односно блокираноста на граничните премини на Република Грција кон Република Македонија, на патиштата во Република Грција, но и за функционирањето на јавниот превоз и јавните здравстени установи во местата во кои престојуваат или треба да патуваат“, се наведува во писмената препорака од МНР.

XS
SM
MD
LG