Линкови за пристапност

Повеќе Македонци во Грција отколку во Охрид летово


Туризам - Мaкедонија наспроти Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Туристичките агенции велат дека евтините аранжмани и близината се главни причини за ваквата одлука

Повеќето Македонци, и покрај проблемот со името, летниот одмор и годинава го поминале во Грција.

Туристичките агенции велат дека покрај близината и добрата патна инфраструктура, има и други причини за ваквата одлука.

Олег Маленко, сопственик на туристичката агенција „Вис Пој“ од Охрид, вели дека најмногу од аранжманите оваа летна сезона биле за Грција.

„ Тие се поевтини. Туристичките агенции од Македонија прават годишни закупи на вили и затоа имаат поевтини аранжмани. За сто евра добиваат седум дена во Грција, и тоа со превоз. Проблемот со името е политичка работа, не е работа на бизнисот и на клиентите. Порано во Грција не сакаа да го изговорат нашето име, но сега веќе тоа не е проблем“, вели Маленко.

Граѓаните со различни ставови. Некои велат дека политиката не е проблем, други пак сметаат дека Охрид наместо Грција треба да биде изборот.

„ Ја одбравме Грција, бидејќи ги сакам плажите и топлото море. Летово бев три пати. Кога ќе им кажеш дека си од Македнија ќе добиеш и некој македонски збор за возврат“ вели жителка на Охрид.

Други, пак, велат:

„Охрид не го давам за Грција.Таму ги оставаат парите, наместо овде. Јас да сум власт, за секој што оди за Грција ќе воведам 1.000 евра казна за излез“.

Според анализа на Грчката туристичка федерација, во 2012-та година Македонците во Грција потрошиле 550 милиони евра.

Но, и покрај ваквата бројка, и ова лето на голем број автомобили со македонски регистарски ознаки во Грција имаше налепници, на кои пишуваш дека „знакот мк не е признаен од страна на Грција“.

XS
SM
MD
LG