Линкови за пристапност

Коѕиас: Не е коректно да зборуваме за името пред изборите


Средба Попоски - Коѕиас
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

И македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи сметаат дека односите меѓу двете држави се развиваат со добро темпо

Втората посета на Никос Коѕиас на Македонија помина без конкретни разговори за прашањето за името. Шефот на грчката дипломатија денеска уверуваше дека на средбите со државниот врв во Скопје не станало збор за 25-годишниот спор меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи на Грција, иако кажа дека оваа тема не се отворила, прати порака дека е клучен компромисот од кој, според него, треба да добијат сите инволвирани страни.

„Дали зборувавме за името, не зборувавме за името. Рековме барем еднаш да зборуваме за нашата соработка, а не би било коректно да ја отовораме оваа тема во пресрет на изборите. Навивач сум на добрите компромиси, а не на расипаните, на компромисите кои ќе не ослободат од затворите на историјата“, рече Коѕиас.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се обиде да ја објасни сложеноста на ситуацијата меѓу Македонија и Грција, нарекувајќи ги како две реалности.

„Името и блокадата се проблем кој постои и се реалност. Во однос на тоа имаме различни ставови, и тоа е факт и веќе е констатирано во минатото. Од друга страна има друга реалност, на која можеме да влијаеме, а тоа е создавање на клима на доберба меѓу двете земји и зголемување на соработката“, изјави Попоски.

Како дел од подобрување на односите, се мерките за добрососедство од областа на инфраструктурата, економијата, образованието, безбедноста, дипломатијата, кои, и според Попоски и според Коѕиас, се развиваат со добро темпо.

Како показател за позитивниот тек го искористија фактот дека посетата на грчкиот министер се должи на неговото учество на седница на Советот на македонските амбасадори.

Коѕиас земјава ја нарекуваше „пријателска северна држава“, а Попоски „колега и пријател“.

Одлуката Атина да не го поддржи неодамнешниот предлог, Европската унија да воведе санкции кон Македонија, шефот на грчката дипломатија го објаснуваше со неговиот став дека таква мерка секогаш е врз грбот на граѓаните.

Негираше дека таквата одлука, како и неговото присуство во Скопје, не се поврзани со предвремените избори.

Двајцата министри одговараа на прашања кои се однесуваат на односите на Грција и на Македонија со Турција.

На прашањето дали имало владина седница, на која се решавало за затворање на институциите и организациите во земјава, поврзани со ѓуленистичкото движење, Попоски одговори:

„Владата има одлуки и сите дополнителни одлуки ќе бидат во согласност со домашните закони и националните интереси“.

XS
SM
MD
LG