Линкови за пристапност

Попоски: Нема напредок во спорот за името


Попоски: Нема напредок во преговорите за спорот со името
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Пред утрешната посета на грчкиот шеф на дипломатијата, министерот за надворешни работи вели дека фокусот е на мерките за доверба

Пред утрешната посета на грчкиот шеф на дипломатијата на Скопје Никос Коѕиас, министерот за надворешни работи Никола Попоски, за Гласот на Америка, вели дека во овој момент не постои никаков напредок во однос на преговорите за спорот за името со Грција.

Според него, комуникацијата во овој период е посветена најмногу на мерките за градење доверба меѓу двете држави, а за повеќе теми, како енергетика и образование, веќе постоел напредок.

„Конкретно за спорот со името, нема развој. Во дадената политичка ситуација, двете земји сакаме да го задржиме фокусот на теми кои ќе придонесат за подобрување на климата. Нема зголемена динамика во надминување на билатералниот спор“, вели Попоски.

На прашањето дали може да се очекува Нимиц наскоро во Скопје, Попоски рече:

„Не би можел да шпекулирам. Секогаш е добредојден и мислам дека доколку тој почувствува таква потреба, ќе го стори тоа. Во овој период не беше активен, бидејќи сигурно ја има истата анализа дека не постои клима, која би била благо наклонета кон некоја поголема динамика во дијалогот“, рече Попоски.

Тој не гарантира дека по парламентарните избори би се случила драматична промена во насока на изнаоѓање решение.

„Каква било прогноза дека после кои било избори ќе се случи нешто драматично, е неблагодарна. Македонија секогаш била подготвена и е отворена за дијалог, врз основа на договорените принципи, кои се национален став. Тие се почитување на меѓународото право и зачувување на сите национални параметри, кои се значајни за Македонија“, кажа Попоски.

Се очекува Коѕиас утре да се сретне со дипломатите во државата.

XS
SM
MD
LG