Линкови за пристапност

Продолжува помошта за настраданите во поплавите во Македонија


Продолжува помошта за настраданите во поплавите во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Охриѓани самоиницијативно се организираат, а се приклучија и жители од соседните држави.

Се донира вода, храна, хигиенски препарати, а неколкуте пунктови се видно одбележани.

„Се` што можеме да собереме ќе биде испратено, дали материјална помош, дали во производи, ќе биде испорачано. Граѓаните се заинтересирани да помогнат во оваа акција бидејки се ставаме во позиција дека на секој од нас може да му случи таква непогода“, рече Марија Цаноска, жителка на Охрид.

Со свои активности се вклучија и повеќе граѓански организации и институции. Локалните власти од Охрид испратија вработени од Јавните претпријатија кои се вклучија во санирање на штетите во поплавените подрачја, а издвоени се и 300.000 денари финансиска помош.

„По дојавата за несреќата понудивме помош во технички и човечки ресурси на Црвен крст на Македонија. Дел од поголемите фирми кои работат во Охрид исто така самоиницијативно се јавија и кажаа дека сакаат и можат да донираат“, рече Мимоза Ставрова од Црвениот крст од Охрид.

„Донесов ќебиња, алишта, од се` по малку. Дојдени сме од Австрија и решивме да донесовме нешто“, вели жител на Охрид.

Од Лајонс клубот Лихнидос, велат дека испратиле помош до жителите на скопското село Брњевци, како едно од најпогодените во поплавите.

„Спакувавме околу 60 пакети со најнеопходните намирници. Испративме и една цистерна со три тони вода која ќе можат постојано да ја користат се` додека не излезат од криза. Се пожалија дека немаат никакви ќебиња и дека останале без покрив над главата. Во соработка со фабрика за производство на јоргани од Прилеп, праќаме уште едно комбе со јоргани“, рече Диал Аголи од Лајонс клубот Лихнидос.

Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, организира акција за расчистување на поплавените подрачја, а на која се приклучија нивни пријатели од Србија, БиХ, Црна Гора и Словенија. Многу од овие луѓе во минатото учествувале во градењето на голем број инфраструктурни објекти на просторите на поранешна Југославија.

„Потребна е сега солидарност, хуманост и акција. Ние сме се покажале и пред две години кога Србија ја зафатија катастрофални поплави“, рече Зоран Стевоски од клубот „Брег на младоста“.

Хотелите во Охрид и Струга собираат ќебиња кои ќе бидат испратени до загрозените подрачја, а музичари од градот организираат хуманитарни концерти.

XS
SM
MD
LG