Линкови за пристапност

Екстремно невреме во Македонија уби најмалку 17 лица


Stajkovci - RFE Macedonian site

Stajkovci - RFE Macedonian site

Најмалку шест лица се водат за исчезнати, околу 60 други се хоспитализирани и околу илјада се евакуирани во Скопје.

Министерот за здравство Никола Тодоров кажа дека бројот на жртвите би можел да се зголеми и дека владата планира да објави двонеделна вонредна состојба во најпогодените подрачја.

Поројни дождови и ветер што надмина 70 километри на час предизвика поплави и лизгање на земјиштето во саботата. Метеоролозите велат дека просечното количество на дожд што вообичаено паѓа во Скопје во август, се истурило за само два часа и 800 громови се рекорден број што е воопшто забележан.

Стотици домови и возила биле уништени во поплавата. Некои патишта се сеуште блокирани и неколку населби се без електрична енергија.

Градоначалникот Коце Трајановски штетата од невремето ја опиша како "најлоша што Скопје било кога ја видело".

Најлошо се погодени области во околината на главниот град, вклучувајќи ги селата Арачиново, Сингелич, Смилковци и Стајковци.

Полициски и армиски хеликоптери евакуираат луѓе од нивните домови и бараат исчезнати.

Метеоролозите најавуваат повеќе дожд, и можни се силни ветрови.

Комесарот за проширување на ЕS Јоханес Хан на Твитер кажа дека ЕУ е подготвена да и помогне на Македонија, која е кандидат за членство во блокот од 28 држави.

Последен пат Скопје има доживеано катастрофална поплава во 1962, една година пред земјотресот што речиси го уништи градот.

Некој материјал за овој извештај дојде од AP, AFP и Reuters.

XS
SM
MD
LG