Линкови за пристапност

Македонија бара преговори за членство паралелно со преговори за решавање на името

  • Борјан Јовановски
  • дописник Брисел
  • Скопје

Македонија бара преговори за членство паралелно со преговори за решавање на името

Македонија бара преговори за членство паралелно со преговори за решавање на името

Шефот на македонската дипломатија Попоски писмено се обратил до колегите од ЕУ со вакво барање.

Македонија бара од Европската унија да овозможи почеток на преговори за членство на претстојното заседание на шефовите на држави и влади на земјите-членки на Унијата, закажано за 9 ти декември во Брисел. Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски писмено се обратил до колегите од земјите-членки на ЕУ со вакво барање.

„Она што го потенцирав е дека сите заедно имаме интерес, не само Република Македонија, туку и членките на ЕУ, да поттикнеме еден процес, еден пристап кој ќе биде европски, не базиран на ригидност и попречување, туку на еден пристап на соработка и особен акцент на оние делови каде имаме заеднички интереси. За тоа колку може да се реализира, зависи од 27-те земји-членки кои седат во Советот. Имаме силни аргументи да примениме европски пристап, кој се покажал успешен и во други примери, и мислам дека е добра можност да биде искористена“, изјави Попоски.

Според ова барање, Европскиот совет би требало да одобри почеток на преговори за членство, додека спорот со името би се решавал паралелно со тој процес. Ваков апел до Брисел испрати и премиерот Никола Груевски при неговата срдба со австрискиот канцелар Вернер Фајман.

Од своја страна, голем дел од претставницте на европските институции изминативе денови изјавија дека Македонија сепак ќе мора прво да го реши спорот со името со јужниот сосед.

Проблемот со името мора да биде решен еднаш – засекогаш, изјави шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини во интервју за Дојче веле. Според него опцијата преговорите за членство да течат паралелно со процесот на изнаоѓање на решение е добра, но во овие услови неизводлива.

„Ова е проблем и ќе биде се’ додека во надворешната политика на ЕУ работите се одлучуваат со консензус. Ќе повторам, ни треба повеќе политичка Европска унија. Доколку има повеќе политички одлуки, ќе може да се донесе и одлука како оваа. Доколку се држите до принципот на едногласност, значи дека ќе нема решение се’ додека нема едногласност. Ова е проблем кој се` уште ги детерминира насоките“, наведува Фратини во интервјуто.

XS
SM
MD
LG