Линкови за пристапност

Македонија: Одреден редоследот на гласачкото ливче


Ждребувањето се одржа во Државната изборна комисија

ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ќе бидат први на гласачкото ливче. Опозициската коалиција предводена од СДСМ ќе биде под бројот четири.

Помеѓу ќе бидат партиите од албанскиот блок – ДПА втора, ДУИ трета. Под број пет на избирачкото ливче ќе биде коалицијата „За промени и правда-ФРОДЕМ“. ПДП следи на шестата позиција. Седма ќе биде коалицијата „Алијанса за Албанците“. Либералната партија ќе настапи како осма на листата. Коалицијата ВМРО-За Македонија на Георгиевски, Бошкоски и Ангелов е деветта, десетта на ливче ќе биде Движењето БЕСА. Последна е партијата „Левица“.

Претседател на ДИК, Александар Чичаковски на сите политички партии учеснички на изборите им посака успех.

Изборната кампања почнува в понеделник и ќе трае до 9-ти декември на полноќ. Веќе е закажано кој од каде ќе стартува со изборниот карван. СДСМ почнува со митинг во Прилеп, владејачката ВМРО-ДПМНЕ вообичаено ќе тргне од Охрид, а ДУИ на Ахмети од кумановско Липково.

Партиите најавуваат организирање големи митинзи, но исто така и фокусирање на средби со граѓани.

XS
SM
MD
LG