Линкови за пристапност

Во среда се самораспушта Собранието


На дневен ред на последната седница е закажување на предвремените парламентарни избори.

Во среда, Собранието во овој состав ќе се состане за последен пат. На дневен ред е распуштање на собранискиот состав и закажување на предвремените парламентарни избори.

Иницијативата за самораспуштање ја достави пратеничката група на ДУИ во саботата. ДУИ донесе ваква одлука откако претходно реши дека нема да поддржи ниту еден кандидат за претседател на Македонија, за кого не постои консензус. ДУИ смета, како што стои во соопштението на партијата, дека оддржувањето на предвремени парламентарни избори ќе придонесе за изградба на сите предуслови за започнување на процесот на решавање на спорот со името.

Како втор аргумент во врска со одлуката, ДУИ го наведува отсуството на политичка храброст за да се продолжи на патот на помирување и консензус меѓу двете најголеми заедници во земјава.

Консензуалниот претседател е принцип кој што ќе го помогне помирувањето и затоа ДУИ ќе продолжи со напорите за реализација на овој стремеж. Али Ахмети наведе дека ДУИ не бара мандат против никого, туку поддршка за здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи, за имплементација на Охридскиот договор и економски развој, се вели во соопштението на ДУИ.

Според информациите што се појавија во медиумите, првиот круг на предвремните парлементарни избори би требало да се оддржи на 27-ми април, истиот ден закажан за гласање во вториот круг на претседателските избори

За првиот човек на ДИК, Никола Рилкоски, најспорни се преклопувањето на молкот за претседателските избори во првиот круг со кампањата за предвремените парламентарни, роковите за објавување на испитувања на јавното мислење, за кампања, потоа увидот во избирачките списоци, како и составот на избирачките одбори.

Рилкоски ги повика Министерството за правда и Владата или партиите со политички консензус да интервенираат со измени во изборниот законик, за да се отстранат дилемите околу судирот на одредбите за дел од изборните активности за претседателските и предвремените парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG